КОИ СМЕ НИЕ

БАПАЛ Благој ДООЕЛ е компанија чии  почетоци иницијално се засновани на база на одржување на деловни и станбени простории, односно на услуги врзани со хигиена. Основана е во далечната 1993 од страна на сопственикот Благој Панов.

БАПАЛ Благој ДООЕЛ е лидер во хигиената сè до денес. Од своето отворање, компанијата работи на раст и експанзија на својата дејност. Со текот на работењето и растот на компанијата и потребата на пазарот почнува да нуди освен хигиената, хаусмајсторски услуги, домување и обезбедување (ВИС обезбедување фирма сопственост на Благој Панов).

Со текот на светските трендови БАПАЛ Благој ДООЕЛ се трансформира во Facility Management Solutions – FMS. Компанијата покрај досега познатите, нуди и консалтинг услуги.

Во БАПАЛ Благој ДООЕЛ работат повеќе од 400 вработени распространети низ целата територија на Македонија со тенденција на зголемување на тимот. Компанијата континуирано вложува во усовршување на услугите кон деловните партнери, инвестира во техничко-технолошкиот развој, обука и дообука на кадрите со цел за континуирано подобрување на квалитетот на работата.

БАПАЛ Благој ДООЕЛ е компанија која е одговор на Вашите потреби во рок од 24h, со достапност 24/7. Компанијата користи средства и опрема исклучиво по ЕУ стандардите за квалитет. Се залага за win & win принцип на работа од што произлегува задоволството за соработка.

МИСИЈА

Грижата за Вашиот бизнис доверете ја на нас, а ние ќе бидеме Ваш партнер кој  професионално ќе управува со Вашите објекти.

Еколошки свесни, технички опремени, стручно едуцирани, професионално стандардизирани во сите видови на тековно одржување!

Ние сме тука за Вас!

ВИЗИЈА

Предизвиците на модерното време очекуваме да ја зголемат потребата од outsource услуги! Ние во Бапал, го следиме трендот на модерното време и сме секогаш предвесник на динамичките промени во сегментот на услуги кои ги нудиме.

Ние сме секогаш тука поради Вас!

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС

Прилагодени планови за одржување според Вашите потреби

Разбираме дека секој поединец или компанија има свои преференци

Нудиме сигурност и безбедност при извршување на работата

Обезбедуваме континуитет на квалитетот на услугите

Нудиме флекибилност при комуникација и сугестии

Посветеност и 24 часовна достапност

Обучен и сертифициран тим за работа

Без дополнителни трошоци

Врвни референци за минат труд

+
0
Вработени
+
0
Клиенти
0
мил. € Обрт

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ДЕЛ ОД НАШИТЕ КЛИЕНТИ