Обезбедување

Агенцијата за обезбедување на имот и лица ВИС ОБЕЗБЕДУВАЊЕ (во сопственост на БАПАЛ) е основана во 2016 година од страна на лица школување во високи военополициски образовни институции со цел да се понудат најквалитетни услуги на физички и правни лица од областа на обезбедувањето согласно со Законот за обезбедување на имоти и лица на Република Северна Македонија.

Услуги кои ги нуди ВИС ОБЕЗБЕДУБАЊЕ се физичко и техничко обезбедување.

ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Агенцијата за приватно обезбедување “ВИС ОБЕЗБЕДУВАЊЕ” нуди професионални услуги од областа на физичко обезбедување од професионално обучени службеници за физичко обезбедување кои работаат по високи стандарди и правила на работа.

Нашата агенција ги нуди следниве услуги во областа на физичкото обезбедување:

  • Обезбедување на лица

    Целта на овој тип на обезбедување е заштита на лицето кое е корисник на услугата. Заштитата се врши на неговото место на живеење, работно место како и обезбедување на неговото движење.

  • ВИП обезбедување

    Овој тип на обезбедување подразбира лична придружба и заштита на корисникот на услугата преку телохранител, возачи и придружба, по усвоениот протокол на настаните. Тимот на ВИС Обезбедување е обучен за обезбедување на личности категоризирани според светските стандарди на ВИП, ПИП или ЦИП личности.

  • Обезбедување на објект

    Целта на овој тип обезбедување е заштита на објект и вредностите кои се наоѓаат во него, како и заштита на вработените (лична и материјална сигрност) и странките кои што се наоѓаат во објектот.

  • Обезбедување на јавни настани

    Тука спаѓаат настани од културен, политички, спортски карактер итн. Овој тип на обезбедување има за цел заштита на сите учесници на настанот како и посетителите и организаторите на настанот, со што се овозможува непречено одвивање на сите планирани активности кои се дел од самиот настан.

  • Мобилно обезбедување

    Ова е вид на физичко обезбедување на објекти коешто се одвива со еднократно или повеќекратно посетување на објектите во текот на 24 часа, со моторизирани патроли и точна евиденција на контролни точки.

ВИС ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ДЕЛ ОД ГРУПАЦИЈАТА БАПАЛ

ТЕХНИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

ВИС Обезбедување во своите услуги вклучува и Видео мониторинг. Нашиот центар е опремен со најсовремена и врвна технологија во мониторинг индустријата. Секако, тука е и специјално обучената екипа која ги набљудува камерите кои се поставени во Вашиот објект 24 часа во денот.

Агенцијата за обезбедување на имот и лица ВИС ОБЕЗБЕДУВАЊЕ во рамките на техничко обезбедување ги нуди следните услуги:

  • Проектирање, испорака и монтажа на системи за техничко обезбедување и нивна гаранција
  • Редовно одржување и сервисирање преку сопствен сервис
  • Дежурни сервисни екипи 24/7
  • Обезбедување на јавни настани

Системот за техничко обезбедување ќе биде поставен на клучни позиции кои треба да се заштитат како: канцеларии, магацини, простории со предмети од голема вредност, стоваришта, влезови и секаде каде што Вие сметате дека е потребно.

Високо квалитетниот систем за видео надзор комуницира со брза интернет врска и е достапен кога и да е потребно. Мониторинг центарот на ВИС Обезбедување е достапен и активен 24/7, 365 дена во годината.

Во случај на сомнителен и неавторизиран влез на лице во објектот кој е набљудуван, се известува најблиската патролна единица и тие веднаш се упатуваат кон местото каде што се случува неавторизиран влез. Во зависност од ситуацијата, нашата мониторинг службеници се обврзани веднаш да контактираат и полицијата, итна медицинска помош, противпожарната единица итн. Звучниот аларм е неизоставен дел од техничкото обезбедување и тој се активира при неавторизиран влез.

СЕРВИС, ПОСТАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСНИ СИСТЕМИ

Сервисот на ВИС Обезбедување врши сервисирање и одржување на следните видови безбедносни системи:

  • Системи за видео надзор
  • Системи за контрола на пристап
  • Алармни системи за заштита од провала, кражба и напад
  • Системи за детекција и дојава за пожар
  • Системи за автоматска детекција и гасење на пожар
  • Системи за детекција и дојава за присуство на вода
  • Домофонски и видео-домофонски системи
  • Радио-комуникациски системи и полициска техника
  • Интегрирани безбедносни системи
  • Системи за периметарска заштита
  • Автоматизација на домови
  • Хотелски безбедносни системи (Хотелски електронски брави, сефови, штедачи на енергија, панични системи за бања)
  • Контрола на возила со рампи, автоматски капии и врати и
    слично
  • Автоматизирани паркинг системи со наплата

Побарајте понуда за професионални обезбедување за Вашиот станбен или деловен простор

Ваши податоци

Податоци за објектот