Политика за приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни.

 

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје, со седиште на ул. Никола Парапунов бр.Ц-3/1, Скопје, Република Северна Македонија.
Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје е компанија чии почетоци иницијално се засновани на база на одржување на деловни и стамбени простории, односно на услуги врзани со хигиена. Основана е во далечната 1993 од страна на сопственикот Благој Панов.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

 

Информации поврзани со обработката на личните податоци

  • Личните податоци се собираат за конкретни, јасни цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци („Службен весник на РСМ“ бр. 42 од 16.2.2020 година).
  • Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје применува технички и организациски мерки за заштита на личните податоци со што се обезбедува:
    • Доверливост – заштита на податоците од неовластено откривање и пристап;
    • Интегритет – обезбедување на точност и вистинитост, односно дека податоците на било кој начин не се неовластено изменети;
    • Расположливост – обезбедување пристап на овластените корисници и информациските системи до податоците кога е тоа потребно;
    • Неотповикливост – обезбедување на докази кои не даваат можност за одрекување.
  • Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје собира податоци од:
    • Корисници без кориснички профил на веб страницата на друштвото – http://www.bapal.mk/ .
  • Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје автоматизирано собира податоци кои се користат за анализирање на посетите, односно користењето на нашата веб страница и нејзината информациска безбедност.
  • Лица кои поставуваат прашања, бараат податоци и информации, имаат поплаки, пофалби или други барања поврзани со делокругот на работата на Друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје.
  • Овие барања вообичаено содржат и лични податоци, кои имаат ограничен обем (на пример: име и презиме и контакт податоци), треба да се исклучиво поврзани со нивната потреба и сè на одговорност на лицето кое ги доставува барањата. Како на пример: според Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер или друг закон, за да се обработат барањата за пристап до информации од подносителите се бара да достават одредени податоци.

 

Категории на податоци кои се обработуваат

1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:

  • Вашата интернет протокол (IP) адреса;
  • Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
  • Вашиот оперативен систем;
  • Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
  • Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
  • URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на друштвото;
  • Јазикот на пребарувачот кој го користите;
  • Држава (се одредува преку IP адресата).

Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.

Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.

 

2. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб- страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме вашите барања, како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања во врска со дејноста која ја врши друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје, обезбедување на повратни информации.

Може да собереме некој од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон, факс, email и потпис.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна
  • преку нашиот email: bapal@bapal.mk
  • преку пошта,
  • по факс,
  • усмено.

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

 

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на друштвото БАПАЛ ДООЕЛ Скопје.

 

Кои се Вашите права?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци —————————на следниов e-mail:—————————————- 

 

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.